Николов: Ќе воведеме директен онлајн систем за комуникација на градоначалникот и граѓаните

Помеѓу градоначалникот и граѓаните треба да има флуидност и лесна комуникација. Само директна, редовна и двострана комуникација може да доведе систем за брза реакција на проблемите во општината. Во контекс на ова едно од ветувањето на кандидатот за градоначлник од редовите на СДСМ, Сашко Николов е дигитализација на општината.

„Ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги на надлежност на Локалната самоуправа, соработка со НВО секторот и директно учество на нивен учесник како соработник во кабинетот на градоначалникот.“ – истакна Николов.

Учеството на граѓаните во управување на општината нема да се сведе само на гласење еднаш во четири години, туку преку комуникација со градоначалникот, пријава на иницијативи ќе се гради вистински партнерски однос, со што барањата на граѓаните ќе бидат приоритетни заложби на градоначалникот, додаде Николов.

Лаура Стојанова М-Нет