
Неподнослива бучава од мотори ги остава без сон жителите на населбата Сењак во Штип. Особено после 22 часот, тие велат дека не можат око да склопат, бидејќи улиците одекнуваат од бучни мотори и трки под прозорците. Жителите со денови не знаат што е мирна ноќ. Велат – ревот на моторите ги буди од сон, ги држи будни до раните утрински часови и им го уништува секојдневието.
Анкетираните на терен велат дека на денешните малолетници ред неможат и родителите да им стават.
Од СВР Штип велат дека работат на решавање на проблемот и апелираат до граѓаните на одговорно однесување, почитување на јавниот ред и безбедноста во сообраќајот, особено во доцните часови. Дополнително, полицијата ги повикува жителите активно да пријавуваат секое нарушување, со точна локација и време, за полесно и побрзо делување.
Иван Митев, М-Нет