Неовластено чувал пиштол во својот дом, кочанчанец заработи кривична пријава

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.И.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.07.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „црвена застава м70“ калибар 7,65 мм, кој неовластено го чувал во својот дом.