Приведен малолетник од Каменица, во бегство фрлил кеса со марихуана, дома и татко му предал канабис

Приведен Малолетник од Каменица, во бегство фрлил кеса со марихуана, дома и татко му предал канабис, ќе следува пријава

На 10.12.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево приведоа 16-годишник и А.М.(27), двајцата од Македонска Каменица. При преземање службени дејствија, полициските службеници ги затекнале лицата на место викано „Горен водопад“ на река Каменичка во Македонска Каменица, при што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен.  Притоа , на местото се пронајдени и одземени кеса со марихуана,  дигитална вага и дробилка. Подоцна, со судска наредба, во присуство на неговиот татко, извршен е и претрес во домот на малолетникот, при што тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава