
Нема потребна од паника кај граѓаните за нафтата, апелираше министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска во својата изјава. Таа ја стишува ситуацијата, потенцирајќи дека состојба засега е во ред. Кажа дека во текот на едно деноноќие државниот пазарен инспекторат има извршено инспекции во повеќе од 100 бензински пумпи и дека ситуација се следи. Доколку се прогласи кризна состојба во државата, таа рече дека министерот за финансии по автоматизам ќе донесе одлука за промена на цената на акцизата
,,Апсолутно нема никаков проблем и нема потреба гаѓаните да чувствуваат одредена паника за тоа што нема да има нафта, не е така. Апсолутно состојбата е во ред, ние ја следиме. Она што како министерство за финасии можам да го кажам е дека во самиот закон за акцизи има поставено автоматски стабилизатори. Тоа значи дека доколку се прогласи кризна состојба на територијата на државата по автоматизам министерот за финансии после тоа носи одлука за промена на цената акцизата. Има инспекции, повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од страна на државниот пазарен испекторат во текот на едно денонќие.“, рече Димитриеска Кочоска
Доколку се констатира дека има потреба од прогласување на кризна состојба, министерката Димитриеска Кочоска, рече дека владата ќе ја прогласи, а тие како министерство веднаш ќе постапат.
,,Со должна почит, ќе видиме како ќе се одвиваат состојбите. Јас се обидувам да ви објаснам дека следиме. И ние следиме не гледате само вие. Цените ги следиме и ние. По она што го слушнав вчера, во понеделник регулаторната комисија за енергетика, која е наделжна за цените ќе се состане, на крајот од денот тие одлучуваат. Тие се независен орган и не се под Влада. Доколку се констатира дека има потреба од прогласување на кризна состојба, владата ќе ја прогласи и ние веднаш ќе постапиме.“, додава Димитриеска Кочоска
Според Димитриеска Кочокса, вчера било разговарано со сите компании и биле прашани дали имаат проблем и сите биле согласни дека се било во ред и засега немаат никаков проблем. Таа и понатаму потенцираше дека нема потреба од создавање беспотребна паника.
Иван Митев, М-Нет