,,Нема повеќе пролет за Кочани“ – кочанчани, семејствата и блиските на починатите во скрб и солзи

Солзи, плачеви и лелеци на сите страни во Кочани, одбележана годишнината од големата и страшна трагедија во дискотетката Пулс. Река од наорд од изутрина пристигна во градот, за поддршка, за почит и за правда. Родителите, блиските роднини, граѓаните, но и останатите, по една година во тежок скрп, болка и страдање. Пред камерите на М-Нет телевизија, малкумината анкетирани, велат трагедијата никогаш да не се повтори, а градот од лани повеќе не е ист. Пуст е, тажен и многу темен. Како што велат, нема пролет повеќе за Кочани.

Кочанчани велат, ситуацијата од лани е се потешка и потешка. Нема повеќе мир, нема повеќе утеха. Додаваат дека нема иднина, бидејќи младиот живот згасна, а повозрасните оставени да тагуваат.

На настанот, денеска присуствуваа граѓани од државата, поддршка пристигна и од Влада од страна на премирот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Силјановска Дафкова. Поддршка дадоа и претставниците на останатите политички партии. Одбележувањето почна уште ноќва во 2 часот и 32 минути пред дискотетката Пулс.

Иван Митев, М-Нет