
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 11. коло во Втората лига, а во спортскиот магазин Трибина на М Нет ја анализиравме табелата во Втората лига и практично што може да очекуваме до крајот на есенската полусезона
Веќе утре ќе се одигра супер дербито меѓу Македонија ЃП и Брегалница, дерби на двата лански прволигаши кое ќе може да го следите на М Нет телевизија.
Од втор план сериозно се наметнува Арсими за местата кои водат кон Првата лига.
Охрид по тренерската промена има шест од шест, а средишниот дел од табелата е доста израмнет.
Беласица гради млад тим и успева во таа намера, резултати веќе доаѓаат на виделина, а тимот има прогрес на табелата.
Натпреварите од 11. коло се играат утре со почеток од 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет