Недостасуваат асистенти на УГД Штип, повозрасните професори заминуваат во пензија млади не се вработуваат

Сѐ помал е бројот на асистенти на универзитетите во државата, на штишскиот универзитет оима факултети кои воопшто немаа асистените. Постарите заминуваат во пензија, млади не се вработуваат и ова е главна причина која влијае и на истражувачката работа и на самата настава.

„Постари професори заминуваат во пензија, на нивно место не се вработува млад кадар, остануваат празни места кои навистина се неопходни и за изведување настава, а пред сѐ и за наука.“ – вели Стојановска.

Проблем се е финасиските средства велат научниците, но најголем акцент се става на недостатокот на млади асистенти кои ќе придонесат за развојот на универзитетот.

„Запрепастувачки се резултатите, пет илјади имаме научни работници на универзитетите во Македонија. Од нив 4200 се доценти, вонредни и редовни професори, само 800 има асистенти, а треба да биде обратно. Затоа нема да не има на листите на Шангај, за успесите на нашите ќе слушаме од други земји“ – вели Гулабовски.

Држжавата треба да даде дозвола за вработување како и да направи долгорочна стратегија со цел да се стави крај на ваквиот проблем.

Лаура Стојанова М-Нет