На чекор до воведување на четвртиот пакет мерки за пензионерите

За надминување на пандемијата која го демне целиот свет, Владата предвидува и четврт пакет мерки кој ќе ги опфати и пензионерите. Законот е на собраниска процедура и со стапување на сила на истиот до ваучер од 6.000 денари ќе се здобијат пензионерите чии примања не се поголеми од 14 илјади денари.
„Пензионерите ќе можат средствата од 6.000 денари да ги искористат од сопствената трансакциска сметка, со тоа што тие средства ќе бидат уплатени на нивните сметки , по интервенција на Генералниот секретеријат на Влада кон банките, банките кон трансакциските сметки на пензионерите. Податоците ги доставува фондот за пензиско и инвалидско осигурување, што значи пензионерите не треба да поднесуваат никакви барања…“ – беше дел од денешното излагање на директорката на фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Бијлана Јовановска.
Претходно Владата имаше донесено три пакет мерки со кои се помогна за зголемување на економијата, и надминување на Ковид пандемијата. Со овие пакети мерки беа опфатени невработените лица, лицата со мали примања, студентите и учениците. Се очекува четвртиот пакет мерки освен пензионерите, да ги опфати и самохраните родители како и пасивните барачи на работа.

Лаура Стојанова М-Нет