Наумов: Барањата на граѓаните ќе бидат реализирани!

Транспарентниот кандидат за градоначалник од ТМРО, Лазар Наумов, со прифаќање на барањата од граѓаните продолжува да ја спроведува предизборната кампања. На денешниот прес со излагање истакна дека, препораките кои граѓаните на Општина Штип, ги имаа упатено, тој и неговата партија се подготвени да ги реализираат.
„Поради многуте провали и кражби на некои локации во градот, потребно е да има зачестени полициски патроли, со цел граѓаните да се чувствуваат побезбедни. Началниците секоја недела да дават отчет за својата работа, пред градоначалникот за сработените активности..„ – беше дел од прес конференцијата на Наумов.
Желбите и потребите на граѓаните, се мисијата по која ќе се води партијата ТМРО, и кандидатот за градоначалник на Општина Штип, Лазар Наумов.

Лаура Стојанова М-Нет