
Со централниот митинг во Штип завршија предизборните активности од кампањата на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата. На неколку часа пред крајот на изборната кампања, кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, се обврза пред штипјани за нова иднина.
„Нашата изборна кампања ја започнав со митинг на дожд во моето Ново Село, ја завршуваме оваа вечер на дожд како завршен митинг на Плоштадот „Слобода“. Но овој дожд е берикет, предвесник на промените коишто ќе се случат во недела, затоа народот рекол: „После дождот, сонце изгрева!“. Ќе изгрее сонцето на слободата во понеделник, ќе изгрее сонцето за нова иднина за граѓаните на Штип. Да сте живи и здрави! Да е вечно ВМРО – ДПМНЕ, да е вечна Македонија! Победуваме!“, истакна Јорданов.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во својот говор потенцираше дека 19 дена кампања не биле залудни, а резултатот ќе се види во недела. Истовремено, порача дека излезноста е клучот, а победата е во рацете на народот.
„После 19 дена кампања, сите овие луѓе млади, стари, мажи, жени, христијани, муслимани, атеисти, работници, земјоделци, лекари, професори, уметници… Сите вие сакам да знаете една работа, за помалку од два дена победуваме! ВМРО – ДПМНЕ победува на 17 октомври! ВМРО – ДПМНЕ накратко формира ново мнозинство, а потоа одговорност во првите 100 дена!“, потенцираше Мицкоски.
ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ги повикаа граѓаните во недела да не дозволат гласот да им пропадне, туку да излезат за да го заокружат бројот 7 и заеднички да ја создадат новата иднина за Штип.
Ребека Спасова МНет