
На површина од 51 хектар денеска се пошумуваше со јасен, јавор и црн бор на локалцијата викана „Будинарски рид“ во Берово. Под мотото „Ајде да пошумуваме заедно“ се пошумува локација која во 2021 година беше зафатена од големите пожари во Берово и Малешевијата. Во акциите се вклучуваат и учениците, а радува фактот што се вклучуваат и граѓани со цел да се подобрат „белите дробови“ во мелешевскиот регион.
„За таква работа, за обновување на оваа површина беше потребна поддршка и ја добвивме од Министерстово за земјоделство. Ама она што јавното претпријатие посебно го радува е што во последните три години во акциите што ги спроведуваме е се поголемиот број на луѓе кои се вклучуваат“ – велат од претпријатието.
Освен во Берово ќе се пошумува низ цела држава на површина од повеќе од 400 хектари на разни локации и со разни садници во зависност од местото кое се пошумува. Министерот Николовски посочи дека тие даваат целосна поддршка на ваквите акции бидејќи се од големо значење.
„Оваа година е предвидено пошумување на над 1.200.000 садници во 19 региони во државата и на 36 различни локации. Оваа голема акција започнува во ноември, а завршува во март наредната година. Ќе се сади на 400 хектари на разни површини, со разни садници како бел, црн бор, јавор, јасен и останати видови на садници. Денеска акцијата ја реализираме во Берово заедно со вработените и преставници од општествено одговорни компании“ – вели Николовски.
Градоначалникот на Општина Берово се заблагодари за поддршката која ја доби општината оти како што посочи поввеќе од потребно е пошумување на областите кои пред две години настрадаа во големите шумски пожари кои го зафатија регионот.
Акцијата за пошумување започна во Куманово денеска се реализираше во Берово, а пордолжува во Велес.
Лаура Стојанова М-Нет