
Најсторга казна очекува таткото Слободан Пешев за неговата убиена ќерка Емилија. Судењето е закажано за 10 февруари во 9:30 часот. Пешев со голема болка и тага вели дека очекува институциите да ја завршат својата работа и да пресудат најсторга казна за сторителот, кој на 1 ноември минатата година ја уби 29 годишната Емилија Пешева од Штип.
„Тешко е, многу тешко, најболно е во животот е овоа. Очекуваме најстрога казна за сторителот, за оној кој ја уби нашата ќерка.“ – вели Пешев.
Пешев скршен од болка вели дека само со најстрога казна може да се спречат ваквите дејствија во иднина. Емилија веќе ја нема, но овде е нејзиниор малолетен син кој сега живее со нив и кој влева барем малку надеж во нивните животи.
Емилија Пешева минатата година беше убиена во близина на својот дом во напуштен објект на ЈП Исар. Судењето започнува на 10 февруари.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет