
На клима или на дрва, што ќе биде поевтино за греење оваа година ? Есента стигна, зимата наближува, граѓаните пресметуваат како ќе се греат оваа година. Иако температурите се уште пријатни, граѓаните не чекаат, се подготвуваат навреме за студените месеци. На терен во Штип тие се со поделени мислења, едни велат поисплатливо е греење на клима, други спротивни, греење на дрва.
Меѓу анкетираните имаше и такви кои беа категорични дека оваа зима нема да се греат. Тие изјавуваат дека ќе поминат со ќебе, бидејќи цените на енергијата се високи, а со огревните материјали нема да можат да издржат.
Иако најголемиот дел од граѓаните оваа зима ќе се греат со помош на клима уредот, мал број ќе изберат греење на дрва. Во овој избор, најголема предност даваат на времето – па затоа климата им е приоритет.
Иван Митев, М-Нет