Најголем интерес за запишување на УГД Штип и оваа година има од турските суденти

И оваа година на УГД Штип од странските најмногубројни се студентите од Турција. Сѐ уште е рано да се зборува за конечната бројка на запишани странски студенти, но истата би требало да се знае веќе во месец октомври. Интерес за запишување на штипскиот универзитет има и од студенти од балканските држави, кои понатаму своето образование го продлжуваат во Штип.

„Како и минатите години интересот и оваа година е најголем од Турција, но би рекол дека имаме интерес и од останатите балкански земји кои УГД Штип го гледаат како квалитетна дестинација за високо образование.“ – вели Џидров.

Во меѓувреме завршија трите уписни рока за пијавување на студенти на УГД Штип. Најголем интерес и оваа година имаше на фаултетот за медицински науки каде се попленти сите празни места. Дополнително во месец октомври ќе се организира и уште еден уписен рок за студенти од ранливи категории семејства.

На 1 октомври е првиот академски час по што и ќе започнат предавањата за студентите.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет