
Најверојатно е подметнат пожарот што вчера повторно изби над Штип, кај штипската населба Кумлак, и загрози неколку викендици и жители во овој дел од градот. Според сведоштвата, огнот се појавил на околу еден километар од местото на претходниот пожар, поради што постојат сомнежи дека не станува збор за случајност и дека двата пожари немаат директна поврзаност. Во обид да ја спаси својата викендица, еден жител се здобил со полесни изгореници и вдишал чад. Пожарникарите, заедно со ДПД, брзо интервенирале, го извлекле и го пренеле до штипската Клиничка болница, каде му била укажана помош, а неговата состојба е стабилна. Сопствениците на имотите од ова место со растрепереност раскажуваа за страшната глетка.
Благодарение на брзата интервенција и координација, со делување на ДЗС од воздух, пожарот над Штип беше локализиран и ставен под контрола, за да не претставува понатамошна опасност. Од Дирекцијата за заштита и спасување во меѓувреме апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги расчистат дворовите околу викендичките, за да се намали ризикот од ширење на вакви пожари.
,,Имавме загрозени имоти на неколку викендици, но и човечки животи. Моментално сме во КБ Штип, разговаравме со еден од повредените, кој ни посведочи дека пожарот настанал во растојание од еден километар од вчерашниот пожар, што има големи индиции дека или е подметнат или е настанат од друга околност. Нема практична поврзаност еден со друг. Во непосредна близина на викенд куќи е настанат овој пожар, што навистина претставуваше една голема опасност по животот на тамошните жители и имотот на викендиците. Благодарение на брзата интервенција и координација, делувањето на ДЗС од воздух успеавме да го локализираме и да го ставиме под контрола пожарот за да не претставува понатамошна опасност.“, вели Јорданов
,,Апел до граѓаните да бидат многу внимателни, кој што минатата година може би од дел граѓани не беше доволно сфатен сериозно. Сите кои што имаат викендици на вакви места, иако се близу до градовите, апелирам нека ги исчистат дворовите од вегетација , барем околу викендиците. Нека постават неколку метра чист земјен појас, преку кој што огнот не може да дојде, земјата не гори, но ако имаме треба до влезната врата, тогаш очекувано е при појава на пожат вратата да биде зафатена, гредите на викендицата или други дрвени елементи на самата викенд куќа.“, вели Ангелов
Пожарникарите велат дека пожарот се проширил многу брзо, под влијание на силниот ветер, и дека за само неколку минути стигнал до самата викенд-куќа, и покрај обидите на сопственикот да го спречи.
,,Од сабајлето од 8 часот, немало никаква чур, ниаков пожар, никаква поврзаност со претходниот пожар. Пожарот се проширил за неполни 5 минути. Силниот ветер го докарал до самата куќа на човекот. За жал човекот пробал што може сам, но тоа е. Благодарение на брзата реакција на градоначалникот Јорданов и Стојанче Ангелов, веднаш веше пуштен ер трактор.“, вели Горгиевски
Иван Митев, М-Нет