Нафтената криза дополнителен удар врз јавните претпријатија во Штип

Покачувањето на електирчна енергија беше вистински удар врз јавните претпријатија во Општините, сега ситуацијата со покачување на цените на нафтените деривати ударот е уште поголем. Конкретно Јавните претпријатија Исар и Стипион во Штип се директно засегнати бидејќи трошат огромна количина на нафта за сервисирање на основните обврски кон граѓаните..

„Нафтената криза, покачувањето на нафтата сериозно ќе влијае на ликвидноста и на јавните претпријатија и на Општина Штип затоа што сме директно засегнати. Јавните претпријатија користат огромна количина на нафта за сервисирање на основните обврски кон граѓаните. Обврската која ќе доспее на јавните претпријатија по сонов на нафта ќе биде многу поголема од тоа што е била во минатото“ – вели Јораднов.

Рстрикции во врска со собирањето на смет во општината не може да се прават, бидејќи како што исаткна првиот човек на град Штип, не може да се дозволи контејнерите за ѓубре да бидат полни, а тие да штедат на гориво.

Основните приходи во ЈП Исар мментално не ги задоволуваат основните трошоци вели Јорданов. Дполнителни се средствата за ретро материјали, нафта, што значи Јавното претпријатие ќе биде во сериозна ликвидна криза. Општината ќе помогне колку што може, но заради големите трошоци Јорданов стравува дека во секој момент сметката на ЈП Исар може да биде блокирана.

Лаура Стојанова М-Нет