
Брегалница утре на Градскиот стадион во Штип ќе се соочи со Детонит Плачковица, во меч од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига. Ова ќе биде натпревар каде трите бодови се повеќе од потребни за „сините“ да го држат чекорот со водечките Македонија ЃП и Башкими.
После победата над Кожуф, Брегалница ги искористи „киксовите“ на Башкими и Македонија ЃП и така дојде на два бодови негатива од првите две места кои директно водат кон Прва лига.
Тренерот на Брегалница, Ристе Наумов, вели дека после победата над Кожуф атмосферата во екипата е на високо ниво, но ќе мораат против Детонит до три бодови за да бидат во черко со водечките екипи.
„После победата над Кожуф, атмосферата во екипата е на високо ниво, влегуваме во следниот натпревар мотивирани за да победиме. Детонит има квалитетна екипа, но за да го задржиме чекорот со водечките екипи, мораме да го освоиме трите бода“, вели Наумов.
Утрешниот натпревар меѓу Брегалница и Детонит Плачковица ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија, а преносот ќе започен во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет