Натпреварите во Трета лига – Исток ќе започнат со минута молчење поради смртта на поранешниот фудбалер на Карбинци, Мартин Ташов

Сите натпревари од 11. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток кои ќе се одиграат во недела ќе започнат со едноминутно молчење во спомен за да му оддадат почит на поранешниот фудбалер на Карбинци, Мартин Ташов, кој почина во сообраќајна несреќа, која се случи пред три дена.

Ташов настапуваше за Карбинци во два наврати односно во период од август 2020 до јануари 2022 година, како и во период од август 2015 до февруари 2016 година, претходно беше дел од екипата на Кежовица, а настапуваше во два наврати и за екипата на Балкан.

Последниот негов официјален натпревар го има одиграно на 18. април 2021 година, во рамки на 16. коло на Трета лига – Исток, кога Карбинци во Струмица со 0:3 ја доби Тиверија.

Натпреварите од 11. коло ќе започнат во 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет