Натпреварите во српската Суперлига започнуваат со минута молк, Новак Ѓоковиќ искажа сочувство за големата трагедија во Кочани

Сите натпревари од 28. коло на српската Суперлига започуваат со минута молк поради трагедијата која се случи во Кочани, откако се запали дискотека во која животот го загубија 59 лица.

Исто така, утре, вторник е прогласен за ден на жалост во Србија.

„Пред почетокот на натпреварот со Спартак, со едноминутно молчење им се оддаде почит на трагичните жртви од пожарот во Македонија“, стои во краткото соопштение на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, изрази сочувство по повод големата трагедија во Кочани. Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна панделка што претставува симболика на сочувство.

Сите спортски натпревари и спортски настани во Македонија се одложени, во овие тешки моменти за Македонија простор за спорт нема.

Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост поради трагичниот настан во Кочани.

Александар Ванев, М-Нет