
Од наредните денови ќе започне откупот на стокови резерви, државта ќе ја откупува оризовата арпа од претходната реколта. Тоа значи дека се ќе откупат околу 2 ипол тони оризова арпа од земјоделците, која стоеше по амбарите. Како што велат од Здружението на млади и индивидуални земјоделци – Облешево, ова значи чекор напред бидејќи ќе се подобри финасиската сотојба на земјоделците.
„Значи дека земјоделците од кочанско издвоија победа. Уредбата која е донесена нам ќе ни овозможи да се откупи значајна количина оризова арпа околу 2,5 тони со што ќе се растерети пазарот и земјоделците ќе имаат олеснување. “ – вели Ташовски.
Околу конечната цена на оризовата арпа се уште се прават пресметки, но не би требало да биде пониска од 27 денари за килограм. Според Ташковски ова е прифатливо за земјоделците.
„Таа арпа е од реколтата 2024 година, сите оние количини кои правеа проблем на пазарот сега со откупот ќе има растеретување. Калкулацијата околу цената треба да биде во согласност со производната цена која е од 26 до 27 денари. Треба да имаме цена на оризот над 30 денари“ – додава Ташовски.
Откупот на оризова арпа беше проблем подолг временски период бидејќи откупувачите немаа интерс, а дополнително ниска беше и цената за оризот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет