
Наредната недела ќе биде готовоа анализата на државниот пазарен испекторат за зголемување на цените на прехрабените производи, најави денес од Штип заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој рече дека оваа Влада за разлика од некои претходно влади, секогаш прави добри анализи пред да донесе некоја одулка и мерка, па така ќе биде и овој пат.
-Ние ги следиме цените максимално преку Државниот пазарен иснпекторат правиме анализи и доколку заклучиме дека има потреба да се донесе некоја одлука и мерка ќе го направиме во интерес на граѓаните за заштита на животниот стандард. Пред се на нас како Влада ни се интерес граѓаните и нивниот животен стандард, изјави Ристески
Заменик министерот Ристески, истакна дека поголемо покачување засега бележи цената на кафето и маслото, кои како што рече се производи кои зависат од светските берзи.
– Особено- вратени се дел од цените на производите какошто беше пред одлуката, којашто беше пред еден месец и повеќе, има мало покачување на одредени цени, има останато некои и на исто ниво цени. Но имаме поголемо зголемување на цените на кафето и маслото, кои се берзански производи и зависат од светските берзи. Меѓутоа, сепак за крајна одлука ќе биде известена јавноста, доколку ја има, а тоа ќе ја покаже комплетната анализа, која ќе биде готова во текот на наредната недела, вели Ристески.
Дополнително Ристески информираше дека владата покрај што ја следи ситуацијата со внатрешната економија, таа ги истовремено ја следи ситуацијата на светско ниво. Истакна дека владата мора да биде поготовена претходно и затоа се прават состаноци на повеќе министерства. Дециден останува дека владата нема да чека да ја понесе светската економска криза.
Иван Митев, М-Нет