Наредната недела штипските пензионери ќе почнат да ги добиваат дрвата за огрев на домашна адреса

Снабдувањето на огревните дрва кај штипските пензионери е во завршна фаза, посочи денес претседателот на пензионери, Ристе Нетков. Вели дека пензионерите во почетокот на следната недела ќе ги добијат своите порачани дрва. Огревните дрва се набавени од приватни економски оператори и изнесуваат 4350 денари бука и 4500 денари даб за еден кубен метар.

„ Во врска со снабдувањето на огревни дрва за пензионери веќе сме во завршните фази со тоа што веќе потребните количини за нашите пензионери се запишани, и веќе тие уплаќаат втора рата. Во договор со нашите економски оператори, од понеделник ќе почнат да се дистрибуираат до нашите членови.“

Нетков посочи дека е обезбедена доволна количина на огревни дрва, а исто така пензионерите имаат можност нистите да ѓи отплатат на осум до десет рати.

„Во овој момент има доболни колоичини на огревни дрва, насочено од нашите дистрибутери, мислиме дека оваа година нема да има потреба пензионерите да се грижат околу снабдувањето со огревни дрва. За дрва се почна во почетокот на месец Февруари, така да секогаш кога ќе ги земат пензиите, редовно си ја уплаќаат својата рата и чекаат на списокот за добивање дрва“ – вели Нетков.

За пензионерите од Штип можноста да се порачаат дрва и истите да се платат на рати е одлична, бидејќи како што велат не секој има пари да купу дрва за огрев одеднаш. Децидни се дека на овој начин секоја грејна сезона добиваат дрва навреме.

“Тоа е најдобро нешто бидејќи секој неможе во готово да плате, а вака на повеќе рати зависно од тоа колку дрва ќе запише пензионерот за рати е успешна работа. Секој доаѓа со прави договор на колку рати.“

Пријавувањето за огревни дрва започнало во почетокот на месец Февруари, а досега велат дека пензинерите ја имаат платено и веќе втората рата за огревните дрва. Воедно пензионерите упаатуваат голема благодарност до претседателот за секоја релизирана активност на пензионерите, а особено за плаќање на рати на огревни дрва.

Лаура Стојанова М-Нет