
Наместо да носат работници од Бангладш, да направат напори да ги зачуваат нашите работници порачаа денеска пензионерите од Свети Николе. Велат дека се жртви на транзицијата и приватизацијата, додавајќи дека со истото ќе се соочат и сегашните работнци кои во секој момент може да бидат заменети со работници од Бангладеш.
„Ние сме жртви на транзицијата, на приватизацијата, ние ги застапуваме сите пензионери, нашето се веќе видело. Треба да протестираат и работниците на кои им се закануваат дека ќе донесат работници од Бангладеш, нашите не чинат од Бангладеш ќе донесел. Нека ги носе дома кај него. “ – вели Тони.
Работеле со години во текстилната индусртија на крај цели смејства останале на улица. Приморани барале друга работа за да може да преживеат и да ги прехранат своите фамилии.
Увозот на работна сила од Бангладеш започна откако работодавачите се соочија со недостиг на работници. Најпрво увезени работници имаше токму воп Свети Николе, а предвидувањата се дека за неколку години ова ќе биде реален тренд и во текстилната индустрија.
Лаура Стојанова М-Нет