
Кочанските пазарџии незадоволни од пазарниот четврток. Велат, и за празниците имаше намалена побарувачка, ама сега е уште послабо. Проценуваат 70% намалена побарувачка, а со тоа и уште помала исплатливост, па ако се пресметаат храната и горивата, дома ќе се однесе едвај 100 денари.
Цените не се менуваат, велат продавачите. На пазарот останува исто, а во споредба со продавниците е и премногу евтино.
За купувачите пазарот и денеска беше скап, а најмногу се купуваше сезонско овошје и зеленчук. Велат, се подготвуваат за прославување на Стара нова година, ама и овој празник ќе го поминат скромно.
Ребека Спасова М-Нет