Над 800 милиони евра е преливот за една година во коцкарниците во држават

Казина, обложувалници, игри на среќа можат да бидат можност за добивка, но и причина за многу несакани последици. За ваквата тема граѓаните на Штип велат дека игрите на среќа не се добар избор за трошење на пари кога тие се имаат. Пред камерите на М-нет телевизија истакаа дека кога е во прашање комарот, играчите се обложуваат на големи суми, а истите не размислуваат за последиците кој се во прашање зад нив.

“Искоцкат и пари нема, потоа развод, кавги, тепање, деца распуштени. Во 8 ми ноември населбата има две, не е добро. Тај што сака да се коцка, тој се и коцка. Тие одат дирекно во Гевгелија, таму со милиони.”, велат граѓаните

Ваквите игри од една страна се заразни, а од друга страна причина за кавги во семејствата, истакнаа тие.

“Тоа е страшна работа, дома се расправаат, дојдат жените си ги бараат парите. Не е убаво, така се расипуваат луѓето. Децата од тоа се растурија.“, додаваат граѓаноите

Во согласност со ситуацијата, вчера собранието во рамки на попладневниоет дел од работата на 14 сетата седниоца ја заврши расправата за предлог законот за изменување и дополнувањер за игрите на среќа и забавни игри. Со 64 гласа за и 13 против се заклучи дека не е прифатлив. Според Елми Азири статистиките кажуваат дека во нашата држава за една година во коцкарниците има прилив од 800 милиони до една милијарда евра. Овој Предлог на закон, како што истакна Сали Мурати од Европскиот фронт, има за цел да воведе построги ограничувања во игрите за среќа зашто либералниот пристап овозможува се повеќе млади да стануваат жртви на коцкањето и да бидат зависни од него.

Лаура Стојанова, М-Нет