Над 40 милиони денари се обезбедени за помош на социјално загрозените семејства за субвенционирање на сметките за електрична енергија

Над 40 милиони денари се обезбедени за помош на социјално загрозените семејства за субвенционирање на сметките за електрична енергија. Јавниот повик, кој е отворен преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, е наменет за сите оние кои ги исполнуваат условите. Премиерот Мицкоски денес потенцираше дека јавниот повик е распишан и на истиот можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија. Дополнителни истакна дека во изминатите 14 месеци, откако оваа влада е на власт, нема покачување на цената на електричната енергија.

,,Да, преку министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен пови на кој што можат да аплицираат оние семејества кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките на електрична енергија. Повеќе од 40 милиони денари се предвидени.“, истакна Мицкоски

За разлика од други земји во Европа, каде цените на електричната енергија пораснале за 15, 20, па дури и 30 проценти, Македонија останува една од земјите со најниска цена во Европа, додава Мицкоски

,,Во неколку периоди на регулирање на електричната енергија откако е оваа влада 14 месеци, ние немаме покачување на електричната енергија. Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена за 15, 20 па ов некој држави и за 30 проценти. Според сите параметри ние сме една од државите во Европа, која што има најниска цена на електрична енергија.“, рече Мицкоски

Инаку, ваквиот јавен повик има за цел да обезбеди поддршка за домаќинствата кои се во социјално загрозена позиција и да им олесни финансискиот товар во услови на растечките животни трошоци. Апликациите ќе бидат разгледувани во согласност со критериумите за субвенционирање, а средствата ќе се распределуваат за покривање на дел од сметките за електрична енергија.

Сите заинтересирани граѓани може да аплицираат согласно упатствата што ги објави Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, со цел да се обезбеди правична распределба на ресурсите и поддршка за оние на кои најмногу им е потребна.

Тимот на министерството апелира до граѓаните да не ја пропуштат шансата и да ги искористат овие средства, со цел да се осигурат дека нивните домаќинства ќе добијат поддршка во овие економски предизвикани времиња.

Иван Митев, М-Нет