Навивачите од штипска „Фаланга“ учествуваа во гаснењето на пожарот во Кочани

Во бобрата со гаснењето на пожарот во Кочани учествуваа и група млади граѓани од Општина Штип, членови од навивачката група Фаланга во координација со поранешниот штипски пожарникар Александар Ѓоргиевски. Желбата да се помогне кога е најтешко, но и најпотребно ги собра не едно место и овие млади момци кои со сопствени сили и можности дадоа придонес за пожарот да се стави под контрола.

„Со неколку млади момци од навивачката група „Фаланга“ Штип се упативме кон Кочани за да се ставиме на располагање и на институциите и на град Кочани и да придонесеме што побрзо да се локализира пожарот којшто беснееше. Морам да потенцирам дека ветрот создаваше големи проблеми, беше многу тешко да се сопре тој пламен.“ – додаде Ѓорѓиевски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени над 500 луѓе, како од пожарникари, така и обични граѓани кои неумрно се бореа со пламените јазици. Благодарност до сите нив, и да не се повтори вчерашната слика, додаде Ѓоргиевски.

Лаура Стојанова М-Нет