М Нет тренер на 3. коло Прва лига: Горан Станиќ тренер на Работнички

ФОТО: ФК Работнички

Во рамки на третата рунда од Првата македонска фудбалска лига Работнички го запре шампионот Струга Трим Лум откако со 2:0 триумфираше на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Важен и голем триумф за „романтичарите“ во меч каде со добра поставеност во одбраната екипата на Струга не успеа да постигне гол во Скопје, а притоа шампионот прими два гола.

Во избор на телевизија М Нет, тренер на третото коло е Горан Станиќ, шефот на стручниот штаб на Работнички.

Екипата на Работнички заедно со Гостивар и Шкендија го дели првото место со по седум бодови. Во следното коло Работнички ќе гостува кај новајлијата Беса во Гостивар, а пак Струга ќе биде домаќин на разнишаната Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет