
Започна плеј-оф и плеј-аут сегментот и во Првата ракометна лига на Македонија со натпреварите од првото коло.
Македонија ЃП забележа сигурена и висока победа од 31:25 над Металург РА во натпревар каде Костовски со седум гола беше прво име кај победничката екипа, а по седум гола имаа Христоски и Петровски кај поразениот тим.
Најнеизвесниот меч се одигра во Богданци каде Младост беше поразен со само еден гол разлика и тоа преку пресврт од Мулти Есенс со 30:31. Домашниот тим на полувреме имаше 16:14, а во вториот тим гостинот од Скопје губеше и со четири разлика при 22:18, а потоа усепа да го изеднаше резултатот на 25:25, а потоа и да направи пресврт од 26:28 и на крај со гол разлика го доби натпреварот во Богданци со конечни 30:31.
Антониот Николоски до десет гола беше најдобар кај домашниот тим, кај гостинот се истакна Бобан Поповски со седум гола.
Вардар Неготино не виде мака и со 39:32 го доби тимот на Јехона на домашен терен, а воедно тоа беше и деби победа за Никола Бисинов кој е нов тренер на тимот од Неготино. Митевски беше прво име со девет гола, кај гостинот до Гостивар се истакна Салиу со 11 гола.
Еурофарм Пелистер 2 без проблеми го совлада Драчево со резултат од 22:37 каде Белистојановски имаше десет гола, додека пак Овче Поле со тесни 29:30 го доби Скопје. Земон беше прво име кај домашниот тим со 9 гола, кај гостинот од Свети Николе се истакна Ристов со осум гола.
Во плеј-аут сегментот Астраион загуби од Партизан со 33:37, а пак мечот меѓу Аеродром и Преспа Вардар не се одигра, бидејќи гостинската екипа од Ресен не се појави на натпреварот, па тоа ќе значи службено победа за домашниот тим.
Во рамки на првото коло слободни беа Шампион и Текстилец од Штип.
Александар Ванев, М-Нет