Реакцијата на граѓаните кои кај себе имаат приметено симптоми на КОВИД19 дека многу се чека за тестирањето откако ќе пријават кај матичните лекари, има позитивен резултат.
Од страна на епидемиолошките служби реагирано е кај одговорните за МОЈ ТЕРМИН да се дозволи поголем број на термини и било одобрено, дознаваме од директорката на Центар за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова.
Моментално има многу лица кои сакаат да се тестираат, тоа е причината што МОЈ ТЕРМИН и покрај тоа што се зголеми бројката не може да одговори на сите лица кои сакаат да се тестираат. НИе реагиравме како институција до МОЈ ТЕРМИН да се дозволи поголем број на термини, тоа е одобрено и мислам дека ситуацијата ќе биде во ред– истакна Димитрова.
Тестирањето од КОВИД 19 и анкетите после добиените резултати дават репрезентативна бројка за да се донесе заклучок дека околу 90 отсто од скринигот е под контрола. Според директорката на Центар за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова тестирањата се одвиваат секојдневно, бидејќи појавата на нови случаи е континуирана.
Токму затоа, за денешниот ден, нема се` уште конкретни информации за бројот на заболени, бидејќи информациите зависат од тоа колку лица ќе бидат тестирани.
Тој процент ни се движи од 10 до 15 отсто позитивни од вкупната бројка на тестирани. Не е исто дали сме тестирале 400 или сме тестирале 30 луѓе – изјави Димитрова.
Од почетокот на појавата на КОВИД 19 надлежните постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат предвидените мерки за заштита. Со тоа продолжуваат и понатаму, пред се` затоа што моменталниот став е дека тестирање ќе се врши само на лицата со симптоми, додека скрининг на луѓето во нивниот потесен круг, семејство и пријатели, нема да се прави.
Исклучок ќе биде доколку во текот на епидемиолошкото анкетирање не се утврди дека постои висок степен на ризик.