Младите штипски тенисери со големи резултати – Гичев во финале, Стојановски до полуфинале!

Овој викенд на терените на Тен Академија Аеродром во Скопје се одржа отвореното првенство во тенис, каде учество зеде и штипскиот клуб Астибо со двајца тенисери односно Стефан Гичев и Давид Стојановски.

Вчера, се играа натпреварите од осминафинале, четвртфинале и полуфинале. Давид Стојановски стигна до полуфинале, додека пак Стефан Гичев стигна до финале, каде за малку не успеа да триумфира младиот штипски тенисер.

Ова е потврда за одличната работа и големи резултати на младите тенисери под водство на тренерите Срган Савевски и Дијана Петрова.

Александар Ванев, М-Нет