Младите заминуваат во странство, земјоделие нема кој да работи, затоа пазарот е скап

Младите својата егзистенција ја бараат надвор од границите на државата, само повозрасните останаа да работат земјоделие. Затоа и дел од производите на пазарот во Штип, како доматот, пиперката и компирот држат висока цена. Продавачите велат дека не се исплаќа да се работи земјоделие, производството дополително ќе паѓа бидејќи нема кој да работи.

„Доматот е од 80 до 100 денари, држи цена бидејќи го нема. Нема кој да работи, по малку има садено и затоа е таа цена, а и дополнително ќе се намали младите не работат. Ама и овде нема зошто да работат за џабе. Ѓубрето е поскапо, препаратите исто така, вода, а работата. Дојдеме на пазарот 2.500 плаќаме за тезга, плус за нафта“

За купувачите цените на пазарот со речиси идентични цени како претходниот петок, но за Буџетот на граѓаните е сепак скап.

„Мислам дека е скапо за македонците, вие сте големи произведувачи на овошје и зеленчук, тоа што е здрава храна мора да се води сметка цената да биде достапна за секого и за пензионерите и за сите граѓани. Како што гледам има производи кои се доста скапи па велам, не мора да се купат.“

Според продавачите од утринава раздвиженост во пазарот во Штип имаше, а тие се задволни и од побарувачката.

Лаура Стојанова М-Нет