
Брегалница по разделбата со тренерот Никола Кузманов продолжи да ја води младиот тренер Мијалче Прошев, кој донесе резултатска стабилност, во моментот тој ќе продолжи да ја води Брегалница, но прашањето за комплетирање на стручниот штаб останува отворено.
„Моментално клубот ќе го води Мијалче Прошев бидејќи покажа добри резултати, меѓутоа се разговара и се бара ново тренерско решение, исто така, како и тренер на голманите, за крато време се надевам дека стручниот штаб ќе биде екипиран и Брегалница со нови сили ќе оди напред“, рече претседателот на ФК Брегалница, Ангел Бојаџиев.
Брегалница максимално се подготвува за време на репрезентативната пауза, со цел подготвена да се соочи со Тиквеш на гостински терен во рамките на 9. коло на ПМФЛ.
„Фудбалерите на ФК Брегалница тренираат редовно, редовно се одржуваат тренинзите, се одржуваат фудбалерите во кондиција. Новости моментално нема, меѓутоа ние како фудбалски клуб сме подготвени да одговориме на секој предизвик во Прва лига. Сакам да кажам дека Брегалница нема да биде само епизода во Првата лига и самите гледате дека се трудиме да бидеме што подобри и да направиме подобар пласман во лигата“, дополни Бојаџиев.
По осум кола во Првата лига, Брегалница е на шестото место со десет бодови.
Александар Ванев, М-Нет