
За две години Владата исплатила околу 15 милијарди денари субвенции и средства за рурален развој, што според премиерот Христијан Мицкоски е повеќе отколку во претходните три години. Тој истакна дека деновиве се исплаќаат околу две милијарди денари субвенции за тутунарите, во рамки на законскиот рок до 30 јуни. Мицкоски посочи дека состојбата во тутунопроизводството е подобрена, при што откупната цена на тутунот од околу 150 денари за килограм пред неколку години денес достигнува и до 450 денари
„Ги следев настапите на одредена група на луѓе кои се претсавуваат како земјделци, но, ги следам пораките што ги испраќа СДСМ. Морам да кажам две работи кои што се многу значајни, првата работа е дека од 2024 овој месец, кога практично на 23 и на 24 јуни оваа влада ја превземе привилегијата да ја води Владата, претходната Влада. Ние почнавме со исплата на субвенции заостанати од 2021 година. Денеска ги исплаќаме субвенциите од 2025 година што се тековни. Ако се собере вкулниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 21, 22 и 23 година како директни плаќања и подршка на програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме во вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада за две години денес или утре ќе ги исплати две милијарди денари за тутунарите, вкупно ќе има за две годни, околу 15 милијарди денари. Значи една милијарди денари повеќе за две години, отколку што тие исплатија за три години, нешто под 14 милијарди денари. Тоа е вистината и ова се бројки и сакам јас секогаш да зборувам за бројки, а не за конструкција и невистина што за жал очајната опозиција, која што нема идеа, која што не знае како се обидува да ги манипулира граѓаните и земјоделците во случајот. Вториот дел од мојот одговор на вашето прашање е да, денес и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутунарите, налог од 2 милијарди. Рокот законски е до 30 јуни, сакам и тоа да се знае и она кое што за мене пратеставува големо задоволство е кога станува збор за тутунарите. Ако пре 3/4 години кило тутун беше 150 денари, сега веќе сега веќе се потпишуваат договори по 450 денари, тоа е разликата.“- Христијан Мицкоски, премиер
Дециден е Мицкоски дека денес и утре ќе се исплатат субвенциите за тутунарите со сума од околу 2 милијарди денари.
Според него, резултатите се видливи преку навремената исплата на субвенциите и значителниот раст на откупната цена на тутунот. Тој порача дека бројките најдобро покажуваат дека поддршката за земјоделците е поголема и поефикасна од кога било досега.
Дајана Сандева, М-Нет