
Митрополитот Брегалнички г. Иларион повика на молитва, трпеливост, смиреност и кроткос. Тој порача да не се вознемируваат ниту упокоените, ниту болните, туку со силна молитва кон Бога со трпение граѓаните да се подготваат достојно да ги испратат починатите во вечноста и да се молат за исцеление на болните од трагедијата. Рече дека револтот тој го разбира, но замоли истиот да биде на евангелски начин.
„Ги повикувам сите луге и ги замолувам да бидат кротки, смирени, трпеливи. Да не ги вознемируваме ниту упокојуваните ниту нашите страдални болни, туку со молитва кон Бога со трпение, смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи. Вчерашниот ден јас го разбирам како голема болка, тага, голема жалост, бидејки на сите тие луге по некој или е роднина, близок, пријател, брат, сестра. Револтот го разбирам и сфаќам, но замолувам не на таков начин, туку на евангелски начин, молитвено, смиреном, тивко, достоинствено да ги испратиме починатите, а за здравите постојано приклоно да се молиме.“, вели г. Иларион
Православната црква и понатаму останува на располагање на сите кои што им е неопходна помош, истакна митрополитот Иларион, давајки им на сите страдални утеха, надеж и верба, додава тој.
Инаку, сите архиереи на македонската православна црква длабоко се сочувстуваат со ситуацијата и деноноќно коленоприклоно се молат пред милоствиот и воскреснатиот Бог за покој на души, но и за боните за да Господ Бог ги исцели. Она што понатаму останува е милоста Божја, на неговата човекоњубивост и долготрпеливост.
Иван Митев, М-Нет