Мирсад Јонуз нов тренер на Скопје, неготово деби веќе утре – единствената цел е опстанок во Прва лига

По само три кола во пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига се случи и втората тренерска смена. По тренерската промена во Струга Трим Љум, каде Захариевски беше заменет со Дуро, се случи тренерска смена и во прволигашот Скопје.

Клубот од Автокоманда се раздели со Славчо Георгиевски, а на негово место доаѓа Мирсад Јонуз како нов тренер. Поранешниот македонски селектор по цели дваесет години се враќа во Првата македонска фудбалска лига, откако во 2003 година беше тренер на Работнички.

60-годишниот Јонуз ќе има единствена цел да го спаси Скопје од испаѓање во Втора лига. Екипата на Скопје е на делба на последното место на табелата со 13 бодови, колку што има и Победа.

Дебито на Јонуз како тренер на Скопје ќе биде веќе утре против Македонија Ѓорче Петров.