Миовски изнуди пенал, но потоа го промаши: Пораз на Џирона од Феенорд во ЛШ

ФОТО: Girona FC

Џирона доживеа нов пораз во Лигата на шампионите откако загуби на домашен терен со 2:3 во меч од втората рунда на елитното натпреварување.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го имаше својот дебитантски настап како стартот во Лигата на шампионите, изнуди пенал, но истиот го промаши.

Лопез во 19. минута постигна гол за водство на шапнскиот тим, но само по четири минути Ерера си постигна автогол за 1:1. Гостинскиот тим преку Миламбо во 33. минута дојде до водство од 1:2, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел штипјанецот Миовски изнуди пенал во 67. минута, македонскиот напаѓач ја презеде одговорноста и беше пред шанса да го запише својот прв погодок во Лигата на шампионите, но неговиот удар од белата точка одлично го прочита Веленројтер. Брзо потоа Џирона преку Дони Ван Де Бек израмни на 2:2, а во 79. минута Ладислав Крјечи во 79. минута си постигна автогол за големо славје на гостите од 2:3, со што Џирона остана без бод во елитното натпреварување.

Во следното коло Џирона одново дома ќе игра против Слован Братислава, меч кој е закажан за 22. октомври, кога шпанците ќе ги бараат првите бодови во Лигата на шампионите.

Александар Ванев, М-Нет