
Замрзанти теста, сирење, урда, цвекло, мајонез и уште низа други производи од денеска по рафтовите во маркетите со повисоки цени. Наместо ДДВ од 5% ќе се даночат на 10% и ќе се проддаваат поскапо. На листата на производи кои се луксуз за Влада се најдоа и брашното, цвеклото, чипсот и бомбоните. Граѓаните во Штип велат дека месо и риба ќе се јаде поретко оти со вакви примања и вакви цени не можат да купат ниту бомбони на своите внуци. Ситуацијата е тешка и за помладите кои својата иднина не ја гледаат во државата.
„Скапотија е голема, ние пензионери сме. Ние не можеме да опстанеме со основните производи, а не луксузните. Луксуз е скап алкохол, сега и банани да купеме е луксуз. Децата ако се тука не можеме да и купеме ни една лижалка.“ – велат граѓаните.
Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвија новите цени. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.
Лаура Стојанова М-Нет