
За изминатата сезона во Трета македонска фудбалска лига – Запад најдобар стрелец е Ментор Саљиу од екипата на Џепчишти која заврши на второто место со 20 постигнати погодоци. Саљиу беше убедливо најдобар стрелец, со оглед на тоа што на делба на второто место завршија Бесим Алили од Дрита и Ивица Костадиноски од Љуботен со по 13 погодоци.
Арлинд Берзати од Камјани постигна 11 погодоци, Албулен Имери од шампионот Влазерими имаше постигнат десет погодоци.
Никола Аврамовиќ фудбалерот на некогашниот прволигаш Напредок од Кичево постигна девет погодоци, а по осум погодоци имаат Мурат Адили од Влазерими и Хузри Џемаили од Речица.
По седум погодоци изминатата сезона во Трета лига – Запад постигнаа Осман Исмаили и Шќиприм Руфати, двајцата од екипата на Зајази.
Шампион во Трета лига – Запад е екипата на Влазерими од Кичево, која го загуби и оваа година баражот за Втора лига од екипата на Борец, откако пред две сезони загуби во баражот за Втора лига од Башкими.
Александар Ванев, М-Нет