МВР: Паркирано возило тргнало наназад и удрило во пешак во Штип

На 10.09.2025 околу 07:25 часот во СВР Штип е пријавено дека во круг на бензиска пумпа на ул.„Партизанска“ во Штип, 40-годишната Д.М. од Штип, откако го паркирала патничкото возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки и излегла надвор, возилото само се  придвижило  наназад и удрило во пешакот Е.А.(50) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.