Масовна посетеност на хуманитарниот донаторски базар во ООУ „Ванчо Прке“ Штип

Хуманитарен донаторски настан под мотото „Училиште без бариери“ беше реализиран во штипското основно училиште „Ванчо Прке“. Учениците со помош на нивните наставници и родителите изработија зимски рачни изработки кои беа ставени на продажба. Масовен број посетители, насмевки на лицата на дечињата и задоволни родители беше сликата во училиштето. Целта на овој настан е да се подобрат условите за работа на учениците со посебни образовни потреби.

„Целта е да се подобрат условите за работа на учениците со посебни образовни потреби во нашето училиште преку јакнење на капацитетите на наставниците во спороведување на инклузивното образование, организирање на работилници и обуки на теми поврзани со детското право, интеркултурализмот, опремување на училиштетот со асиситивна технологија“ – вели Рамбабов.

Во училишниот базар беа вклучени сите ученици од прво до деветто одделение, а не себично се вклучија и сите наставници и вработени. Дополнително поканата да биде дел од настанот ја профати и Ристо Самарџиев кој пееше заедно со училишниот хор.

Новогодишните украси изработени од децата, наставниците и родители се продаваа по симболична цена со цел да се соберат средства за подобрување на условите за работа на децата со посебни образовни потреби.

„Средствата собрани од овој базар ќе бидат искористени за подобрување на условите за работа на улениците со посебни образовни потреби.“ – вели Рамбабов.

Проектот „Инклузија на деца со посебни образпвани потреби е во организација на здружението „Отворете ги прозорците“ подржан од детската фондација „Песталоци“.

Лаура Стојанова М-Нет