
Фудбалската федерација на Македонија денеска избра нов претседател. На вонредното изборно собрание, Масар Омерагиќ беше единствениот кандидат и ја доби довербата од сите присутни делегати со акламација.
На почетокот на Собранието, поранешниот претседател Муамед Сејдини се обрати кон присутните, обраќање имаа и преставници од УЕФА и ФАФА.
На собранието присуствуваа значајни фудбалски личности како Горан Пандев, Илија Најдовски, Артим Шакири, Агим Ибраими и Ѓорѓи Христов, кои ќе бидат вклучени во структурата на Фудбалската федерација на Македонија. Покрај тоа, Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп беше избран за нов потпретседател на ФФМ, заменувајќи го Лазар Ракиџиев.
Дрилон Ганиу беше назначен за в.д. генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
На предлог на новиот претседател, Горан Пандев е именуван за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. Илија Најдовски и Агим Ибраими ќе бидат советници во кабинетот на претседателот Омерагиќ.
Александар Ванев, М-Нет