
Утре со мечот меѓу Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка се отвара 14. коло на Првата футсал лига на Македонија. Овој меч ќе биде исклучително важен и за двете екипи за потврда на опстанокот во елитата.
Во недела следуваат дури три натпревари. Во Штип се игра мечот меѓу Мал Ајакс и Клими, дуел кој за штипјани е можеби и последна сериозна шанса за да се стигне до опстанок, со пораз веќе ќе биде јасно оти Мал Ајакс експресно ќе се врати во Втора лига.
Непоразениот лидер Проект ќе гостува во Велес каде ќе се соочи со тимот на Кеги Моби, додека пак дебитантот Балкан на домашен терен ќе игра против Шкупи во меч каде домаќинот ја има можеби и последната шанса за опстанок, триумф за Шкупи ќе значи дека тимот ќе оди кон сигурна потврда на опстанокот.
Колото се затвара дури во понедленик со натпреварот во Куманово каде ќе се игра дерби меѓу актуелниот шампион Форца и Бутел.
Проект е лидер со 39 бодови на своето конто и веќе се подготвува за славје на шампионската титула, со десет бодови помалку на второто место е токму Кеги Моби, а пак Форца е трет со 22 бодови. Екипите на Клими и Бутел со по 18 бодови го делат четвртото место, а пак Јувентус Серава на кому му се одземени три бодови е шесто со 15 бодови, а по 14 имаат Шкупи и Осогово за делба на седмата позиција.
На дното односно во зоната за директно испаѓање се Мал Ајакс од Штип и Балкан со по девет бодови и станува извесно дека двете екипи експресно ќе се вратат во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет