Мал Ајакс во Штип го пречекува струшки Енхалон, Кратово домаќин на Овче Поле!

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од седмата рунда на Втората футсал лига, а во рамки на истата во Штип ќе се соочат екипите на Мал Ајакс и Енхалон од Струга, каде штипјани ќе ја имаат улогата на фаворитите за трите бодови и за шестто сезонско славје.

Кратово на домашен терен ќе се соочи со ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе, во натпревар каде гостинот кој сака експресно да се врати во Првата лига ќе бида фаворит на натпреварот. Кратово не ја започна сезоната најдобри и ќе ја бара само втората сезонска победа.

Ланскиот прволигаш Карадаку е единствениот тим кој нема бодови и дури во седмото коло ќе ја бара првата победа против големиот фаворит Балкан. Партизан Југ од Брвеница и СЕЕ Университи од Тетово ќе играат регионално дерби, а пак Победа во Прилеп ќе го пречека битолски Конзули.

Во рамки на оваа рунда во Дебар силите ќе ги одмерат Кораби и Каршиака, во меч каде домашниот тим кој сака влез во Прва лига ќе биде фаворит за трите бодови.

Александар Ванев, М-Нет