Малите примања причина за недоволна посетеност на пазарот во Чешиново- Облешево

Сончевото време, големиот избор, ниските цени не беа доволен мотив за поголем дел од пазарџиите од Чешиново- Облешево за да си ги купат своите намирници но сепак Сите се едногласни дека малите примања си го прават своето, па можеби и тоа е една од причините за недоволната посетеност. За М-Нет телевизија посочија дека се задоволни од цените што после подолго време се намалени.

Од друга страна и производителите се задоволни од цените на овошјето и зеленчукот. Додека пак за температурите изјавија дека стануваат многу повисоки, станува пожешко и мора да се внимава градинарските култури да бидат зашитетени.

Согласно со различните цени, граѓаните додаваат дека своите неопходни продукти морат да ги купуваат без оглед на примањата и дека тие се основните продукти кој се конзумираат секојдневно.

Лаура Стојанова, М-Нет