Македонските одбојкарки во евроквалификации, течат подготовките се бруси формата

Течат подготовките на женската одбојкарска репрезентација на Македонија за квалификациите за Европското првенство 2026 година, а истите ќе се одвиваат во Маврово и Крушево.

Селекторот на женската одбојкарска репрезентација на Македонија, Стефан Пауновиќ на собирот во Маврово повика 18 одбојкарки, меѓу нив една интернационалка, Теа Терзиевска од Ретимно – Грција, една дебитантка, Марија Василева од Вардар ЕМ, а костурот на тимот на репрезентациајта е сочинат од одбојкарки од нашите најистакнати екипи во последните сезони односно од Работнички, Јанта волеј, Наковски волеј и Струмица жени.

Своето очекувања за евроквалификации го кажа искусната Терзиевска.

Техничарки се Ерјона Јонузи, Софија Пандева и Јана Балов, коректорки се Мила Дикова, Антонија Баталаковска, Мери Бошковска, примачки се Теа Терзиевска, Тамара Стојанова, Мила Долдурова, Ирма Ѓурѓевиќ и Добрина Хаџи Тосева.

Средни блокерки во репрезентацијата се Марија Василева, Ана Павловска, Симона Стојановска, Ива Стојковска и Мартина Николова, репрезентативни либера Емилија Попјордановска и Надица Антеска.

Македонија првиот меч го игра против Австрија закажан за 17. август, а потоа натпреварот со Грција закажан за 28. август.

Европското првенство е во 2026 година во Азербејџан, Чешка, Шведска и Турција, а целта е македонската репрезентација да игра подобро отколку во минатогодишната Европска сребрена лига којашто беше враќање на сениорскиот состав во континенталните натпреварувања по долга пауза.

Александар Ванев, М-Нет