Македонската, турската и ромската храна денес ги сплоти учениците во Штип

Македонската, турската и ромската кујна денес на голема трпеза ги собраа средношколците на СОУ Коле Нехтенин Штип и учениците на ООУ Страшо Пинџур од Карбинци. Настанот се организира од страна на средношколците , кои во изминатиот период собраа средства од хуманитарен спортски натпревар и решија со нив да го презентираат соживотот помеѓу нив. Директорката Јованка Шалева, посебно среќна што идејата произлегува токму од најмладите.

,,Станува збор за промоција на хумани вредности, а тоа е всуштината на овој проект, а нашите ученици имаа идеја која што ја преточија сега во конкретна активност. Минатата недела организираа спортски натпревари, кои што имаа хуманитарен карактер, собраа парични средства, а со истите денеска подготвија една богата трпеза, која што се состои од три кујни, македонската, турската и ромската.“, рече Шалева

Настанот беше подеднакво важен и за учениците, но и за црвениот крст во градот, бидејќи заеднички создадоа и големи пријателстваа

,,Целта на настанот е да се промовира културната разновидност и соживот преку храната, со презентација на традиционална храна од македонската, турската и ромската култура.“, истакна Димитровска

Од ООУ Страшо Пинџур Карбинци, велат дека им е посебно чест што покрај македонската, тие денес ја презентираа турската кујна

Инаку, настанот се одржа во просториите на СОУ Коле Нехтенин, а на истиот присуствуваа учениците од обете училишта, заедно со нивните професори и ментори.

Иван Митев, М-Нет