
Македонија славеше со 3:1 против Ерменија на контролниот натпревар против Ерменија во Струмица.
Македонија со голот на Александар Трајковски на полувреме водеше со 1:0.
Во вториот дел Милан Ристовски во 59. минута и Ердон Даци во 88. минута од мечот погодија за Македонија. Стрелец за Ерменците беше Едуард Сперцијан во судиското продолжение кој погоди од слободен удар за конечни 3:1.