Македонија со храбра победа над Ерменија со играч помалку на теренот!

ФОТО: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа над Ерменија со резултат од 2:0, а во рамки на 2. коло од новото издание од Лигата на нации по ремито со Фарски Острови (1:1).

Голема победа за Македонија, бидејќи играше со играч помалку на теренот, откако Зајков заработи втор жолт картон, а по две митути игра на Националната арена во Скопје Чурлинов се повреди.

Во 70. минута Македонија преку голот од слободен удар на Енис Барди го отвори резултатот за водство од 1:0, а веќе во 79. минута Бојан Миовски постигна гол за конечни 2:0.

Македонија сега е на првото место во својата група со четири бодови. Ерменија е втора со три бодови, колку што има и Латвија која е трета, Фарски Острови е последен со еден бод.

Следуваат две гостувања за Македонија против Латвија и Ерменија во октомври.

Александар Ванев, М-Нет

Александар Ванев, М-Нет